Бобан не бил мета на говорот на Чеферин

Бобан-не-бил-мета-на-говорот-на-Чеферин.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во четвртокот објави дека нема да се кандидира за реизбор на оваа функција во 2027 година.

Словенецот ја донесе таа одлука две недели откако беше јавно критикуван од еден од неговите најблиски соработници, Звонимир Бобан, кој исто така ја напушти УЕФА.

Хрватот го критикуваше Чеферин дека сака да обезбеди уште еден, рекорден четврти мандат и дека проради тоа сака да го смени Статутот, што вчера и се случи на Конгресот во Париз.

Истиот ден Чеферин изјави дека Бобан не го заслужува неговиот коментар, а вчера неговата порака за „самопрогласените морални авторитети“ беше во преден план на сите светски медиуми.

„Ќе потрошам само две реченици за самопрогласениот морален авторитет. Ја знаете личноста за која зборувам и тој не заслужува никаков коментар од мене, луѓето што го познаваат сами ќе донесат пресуда. Еве само една реченица за неговиот патетичен крик за моралот. Тој беше еден од ретките луѓе кои знаеја дека нема да се кандидирам во 2027 година.“

Иако сите медиуми ја пренесоа изјавата на Чеферин како одговор на Бобан, неколку портали, главно англиски и турски, тврдат дека Словенецот не му се обраќа на поранешниот колега, туку на Разван Бурлеан.

Бурлеану е претседател на Романскиот фудбалски сојуз и еден од главните претенденти да го замени Словенецот како претседател на УЕФА. Тој е еден од претставниците на УЕФА во комитетот на ФИФА, а автор е и на неколку јавни писма во кои беше противник на мерките на Чеферин и ги испраќаше на адреси на националните сојузи.

Чеферин веќе еднаш го прозва, а во таа ситуација го нарече „кловн кој зад грб разговара со други асоцијации и создава теории на заговор, а сите во фудбалот се потсмеваат со неговото однесување“.

Бобан не сакаше да ја коментира изјавата на Чеферин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK