Фудбалскиот клуб Бетис, го откупи договорот на Чади Ријад е реши да го продаде во Премиер лигата.
Чади Ријад е 20-годишен Мароканец со шпански пасош. На почетокот на минатата сезона Барселона го испрати на позајмица во Бетис. Клубот од Севилја во договорот стави клаузула дека може да го откупи за три милиони евра.
Правото да го откупи договорот на фубалерот Бетис го искористи на 23 мај. Три недели подоцна Бетис реши да заработи од трансферот на Ријад.
Шпанските медиуми објавија дека Ријад кариерата ќе ја продолжи во Кристал Палас. Трансферот ќе биде реализиран на 1 јули кога ќе биде отворен трансфер пазарот.
Бетис од продажбата на Ријад ќе заработи 15 милиони евра.