Foto/ EPA
Димитар Бербатов (42), еден од најдобрите бугарски фудбалери на сите времиња и поранешен напаѓач на Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер јунајтед и многу други, ја коментираше сезоната на Антони (23).
Крилниот напаѓач на 11 настапи е без гол и асистенција и не ги оправда очекувањата кои Јунајтед ги имаше кога го донесе од Ајакс за 95 милиони евра во летото 2022 година.
Покрај тоа, неговата поранешна девојка го обвини за насилство, кое се уште не е докажано.
„Тренерот Ерик тен Хаг го сака Антони. Сите го знаат тоа бидејќи двајцата работеа заедно во Ајакс. Разбирам дека тој има посебен однос со него, како што има секој тренер со играч. Тен Хаг му верува на Антони, кој мора да биде свесен дека мора да ја оправда довербата секогаш кога ќе стапне на теренот.
Но, на Антони сè уште не му оди најдобро. Мој совет е да почне да игра едноставно и да престанет да ги компликува работите. Кога мислиш дека си Роналдињо или Зинедин Зидан, можеш да имаш само поголеми проблеми“, изјави Бербатов, а пренесува Мирор.
Бербатов потоа испрати хасна порака до Бразилецот.
„Престани да правиш глупави работи, да изведуваш трикови кои не се корисни за тимот. Брз си, искористи го тоа за да влезеш зад грбот на одбраната, примиј ја топката едноставно у почни да им асистираш на соиграчите и да постигнуваш голови. Толку е едноставно. Тој мора да биде дисциплиниран и фокусиран што и не тешко“.
Бербатов, во кариерата за Јунајтед забележа 149 настапи, со учинок од 56 гола и 27 асистенции.