Вчера во 13.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Чаир во Скопје, бил пронајден починат А.О.(26) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.