Бепе Марота нов претседател на Интер

F03RV0MWYAEomXM.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот фонд Оуктри назначи нов Управен одбор на Интер, кој брои десет членови. Оуктри на 22 мај објави дека го доби Интер од кинеската компанија Сунинг. Кинесите не го вратија долгот што го имаа кон американскиот фонд.


Џузепе Марота е назначен за нов претседател на Интер, соопшти денеска новиот сопственик, пренесуваат италијанските медиуми.

Марота на местото претседател на Интер го замени Стивен Жанг, кој го водеше клубот шест години.

„Полн сум со емоции. Да се биде претседател на толку голем клуб во светот на фудбалот е возбудливо и инспиративно. Јас сум претседател кој ја сака својата работа, за која верувам дека добро ја знам. Сепак, јас сум во голем клуб и ќе ми треба сечија помош“, изјави Марота, пренесуваат италијанските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK