Францускиот фудбалер Карим Бензема би можел да го напушти тимот на Ал Итихад.
Бензема, наводно не бил среќен во Саудиска Арабија и не би било изненадување доколку до крајот на преодниот рок се врати во Европа.
Новиот тренер на Ал Итихад, Марсело Гаљардо, го отпишал Бензема и тој нема да патува со екипата на мини подготовките во Дубаи.
Според медиумите, Бензема ги пропуштил тренинзите пред новата година, а во моментов никој во клубот не знаел каде се наоѓа напаѓачот.
Инаку, Карим на 15-те одиграни натпревари во дресот на Ал Итихад постигна девет гола и забележа пет асистенции.