Барселона го бркаше Хулијан Алварез цело лето, но се чини дека напаѓач најде во Арсенал. На чекор до „Ноу Камп“ е Бразилецот, Габриел Жезус.
Трансферот е практично договорен, а Барселона ќе издвои околу 10 милиони евра за Бразилецот.
Договорот е големо изненадување со оглед на тоа што Жезус не беше сериозно поврзуван со каталонскиот клуб во последните месеци, додека Алварез долго време беше главна тема.
Напаѓачот ќе допатува во понеделник на лекарски прегледи, по што треба да потпише договор со Барселона.
На крајот, Габриел Жезус дојде како утешна награда бидејќи немаше многу реални опции, а напаѓач му беше потребен на тимот на Ханси Флик, бидејќи двајцата централни напаѓачи од претходната сезона, Роберт Левандовски и Феран Торес, го напуштија клубот.
Foto/ Depositphotos