Во обемниот финансиски извештај за 2023 година, УЕФА ги анализираше бројките и трендовите во сите лиги под нејзина јурисдикција. Има многу интересни работи, меѓу другото и заработката од продажба на дресови и друга брендирана стока со клупски обележја.
Барселона и понатаму доминира во оваа категорија и покрај слабите резултати и тоа што веќе го нема Лионел Меси. Каталонците во 2023 година заработиле 178 милиони евра од продажба на дресови и друга стока, зад нив е најголемиот ривал Реал Мадрид со приход од 155 милиони.
Баерн (147), потоа Ливерпул (132) и Манчестер јунајтед (130) имаат приходи над сто милиони евра.
Првиот клуб под магичната бројка од 100 милиони е ПСЖ со 97 милиони евра приход, сепак најголемата ѕвезда Килијан Мбапе на лето ќе се пресели во Реал и ќе биде интересно да се види како ќе се движат овие бројки без него.
На списокот има уште три англиски клуба: Арсенал со 89 милиони евра заработка, Челзи со 87 и Тотенхем со 74, што е исто како и десеттопласираниот Јувентус.
Интересно, Манчестер сити го нема во Топ 10 иако минатата сезона освои три трофеи.