Барселона минатата сезона претрпе сериозни финансиски загуби.
Наместо планираниот минус од 28 милиони евра, вкупниот износ на расходите ги надмина првичните проекции за 88 отсто и изнесува 56,6 милиони евра.
Лошата финансиска состојба ја влоши и раскинувањето на договорите со Шарунас Јасикевичиус, Никола Миротиќ и Кори Хигинс.
Вкупниот трошок на тие одлуки беше 25,27 милиони евра, но оваа сума нема да влезе во буџетот за следната сезона, се вели во извештајот.
За сезоната 2023/24. се предвидуваат загуби од 13,77 милиони евра.
Намалувањето на буџетот на 30 милиони евра беше првиот чекор во мерките за намалување на трошоците што ги спроведе претседателот Жоан Лапорта.