Барнс ќе отсуствува неколку месеци

Барнс-ќе-отсуствува-неколку-месеци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По спектакуларната победа над Шефилд јунјатед 8:0, менаџерот на Њукасл Еди Хау дозна дека неколку месеци нема да може да сета на Харви Барнс.


„Снимката покажа дека има повреда на делот од стапалото кај палецот. Не сум стручњак, но се плашам дека е сериозна повреда, нема да може да игра неколку месеци. Допрва треба да се одлучи дали му треба операција. Многу необична повреда, без контакт, се случи токму кога тој го започнуваше спринтот“, изјави Хау за „Скај спорт“.

Барнс оваа сезона одигра седум натпревари за Њукасл и забележа гол и асистенција. Минатата сезона играше во Лестер на кој не му помогна да го зачува премиерлигашкиот статус, а потоа за 44 милиони евра се пресели во Њукасл.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK