Азија се предомисли – сега го поддржува Инфантино


riga-latvia-1st-october-2021-depositphotos_512936524_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред два месеци остри критики, сега – поддршка за Џани Инфантино за реизбор на функцијата претседател на ФИФА. Азиската фудбалска конфедерација ја смени страната.


Азиската фудбалска конфедерација (AFC) го промени својот став и му испрати поддршка на Џани Инфантино.

„Потврдуваме дека ја имате нашата целосна поддршка за вашата кандидатура за нов мандат на чело на ФИФА. Посетивте бројни азиски земји, а јас разговарав со бројни членови на нашата Конфедерација. Запознаен сум со вашите ставови и гледам дека вашата посветеност е јасна“, му рече претседателот на AFC, шеикот Салман бин Ибрахим, на Инфантино.

Досега, AFC беше со УЕФА и КОНКАКАФ, а шеикот Салман беше меѓу потписниците на заедничкото барање за промени во ФИФА.

AFC обединува 47 национални конфедерации, и дури и ако не сите се согласат со промената на ставот што го изнесе првиот човек на Конфедерацијата, тие гласови би можеле да бидат клучни во март следната година кога ќе бидат претседателските избори во ФИФА.

Самиот шеик Салман му рече на Инфантино дека можеби нема сите сојузи да ги променат своите ставови, но дека е „уверен дека мнозинството членови“ го делат неговото мислење.

УЕФА и нејзиниот преостанат сојузник имаат рок до 18 ноември евентуално да предложат кандидат за функцијата претседател кој би му се спротивставил на Инфантино во март 2027 година.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK