Челниците на Атлетико Мадрид на иницијатива на навивачите од следната сезона ќе го промени изгледот на грбот. Атлетико последниот натпревар со актуелниот грб ќе го одигра утре против Реал Сосиедад, а од следната сезона ќе го врати стариот грб од 2017 година.
Атлетико има 139 илјади членови, а во гласањето на оваа одлука учествувале 78 илјади од нив.
Recent Evolution of the Atlético Madrid Crest pic.twitter.com/dQmOMsKbzu
— Footy Headlines (@Footy_Headlines) October 2, 2023
Раководството на клубот на тој начин им дозволи на навивачите да одлучат кој грб сакаат да го носи нивниот клуб. Клубот ќе ја почитува нивната волја, но напоменува дека на лето ги очекува скап, сложен процес на промена на грбот на сите можни материјали, дресови, лиценци, страници…
Атлетико ја заврши сезоната на четвртото место во шпанската Ла Лига, па мечот со Сосиедад во последното коло ќе биде само формалност.