Артета: Судијата можеше да ни досуди пенал


14032670.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, откако по изведување на пенали го победи Арсенал. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови.


Каи Хаверц постигна гол во 6-та минута за Арсенал, додека Усман Дембеле постигна гол од пенал за ПСЖ во 65-та минута. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се обрати по натпреварот.

„Не игравме финале на Лигата на шампионите 22 години. Мораме да ја цениме сезоната што ја имавме. ПСЖ е одличен тим и им честитам. Тие имаат индивидуален квалитет, и одличен тренер. Горд сум на мојот тим, знам низ што поминале. Привилегија е да ги предводам овие играчи. Ја освоивме Премиер лигата, но не стигнавме до најголемиот трофеј“, рече Шпанецот, а потоа се осврна на дуелот во кој Нуно Мендес го собори Нони Мандуеке во шеснаесетникот.

„Лесно можевме да добиеме пенал. Ги гледав сите пенали во Лигата на шампионите оваа сезона што беа досудени. Ги гледав последните три дена за да разберам што е пенал, а што не. Пеналот што беше досуден против Москера, оној што не му беше досуден над Мадуеке, а потоа и со пеналите, тие разлики не ни одеа во прилог“, рече Артета.

Се осврна на трагичниот Габриел, но и на Езе, кој исто така не беше прецизен во пенал рулетот.

„Габриел сакаше да го изведе петтиот пенал. Обично пеналите ги изведуваат Сака, Едегор и Хаверц, тоа е сигурно, но знаевме кога одевме на продолженија и пенали дека други играчи ќе ги изведат. Имавме квалитет, на тренинзите Езе никогаш не промашува. Мора да земете еден шут и за жал немавме иста прецизност“, вели Артета.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK