Артета: Ширите лажни вести, нема да го напуштам Арсенал

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, во понеделникот, на прес конференција ј демантираше информацијата која доцна синоќа ја објави каталонски „Спорт“ дека ќе го напушти Арсенал.



„Тоа се лажни вести. Многу сум лут поради тоа. Нема го напуштам Арсенал на лето, нека биде јасно“, изјави Артета и додаде.

„Не можам да верувам во информацијата која излезе вчера и дека сите пишуваа за тоа. Мора да бидете многу внимателни кога објавувате такви работи, бидејќи можете да повредите луѓе, а не сте провериле дали е вистина. Среќен во клубот и има уште многу работа пред нас“, изјави Артета.

Шпанскиот стручњак има договор со Арсенал до летото 2025 година.

Инаку, Арсенал утре од 20.30 часот гостува кај Нотингем Форест во натпреварот од 22. коло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK