Арне Слот експресно наде нова работа, ќе стане селектор на Холандија


depositphotos_776843300_xl-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арне Слот е најсериозниот кандидат за нов селектор на Холандија. „Лалињата“ останаа без селектор, откако Роналд Куман поднесе оставка по елиминацијата од Мароко, во 1/16 финалето на Светското првенство.


Арне Слот, зад себе има лоша сезона со Ливерпул, поради што пред два месеци доби отказ. На неговото место, на „Енфилд“ пристигна Андони Ираола.

Како што сега стојат работите, тренерот експресно ќе добие нова работа. Работите се движат во насока , од која сите страни ќе бидат задоволни. Ливерпул ќе заштеди солидна сума на пари доколку Слот ја преземе Холандија.

Имено, Слот го напушти „Енфилд“ пред само два месеци, но кога договорот беше раскинат, тој имаше право на значителен пакет отпремнина и продолжување на одредени плаќања, што е вообичаена практика во врвните англиски клубови.

Сепак, беше постигнат компромис според кој Ливерпул ќе ја плати само разликата помеѓу неговата нова плата и износот гарантиран со неговиот договор со „Црвените“ за време на неговата прва година во националниот тим.

Овој модел ѝ овозможува на Холандската фудбалска асоцијација да го ангажира тренерпт без дополнителни компликации, додека Ливерпул истовремено ги намалува своите финансиски обврски.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK