Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е драго што британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл ги напуштиле САД и се вратиле во Велика Британија, додавајќи дека, доколку тој бил на местото на британското кралско семејство, не би ги прифатил назад.
„Мило ми е поради тоа. Не сум нивен обожавател“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, одговарајќи на прашање за заминувањето на војводата и војвотката од Сасекс од Калифорнија, пренесува „Њујорк пост“.
Трамп особено ја критикуваше Меган Маркл поради нејзиниот однос кон покојната кралица Елизабета Втора и кралот Чарлс Трети.
„Мислам дека кон кралското семејство се однесуваа со големо непочитување. Тоа не ми се допадна. Не ми се допадна начинот на кој таа се однесуваше. Сметам дека Меган Маркл се однесуваше со крајно непочитување кон кралицата и кралот Чарлс“, рече Трамп.
Тој додаде дека на местото на кралското семејство не би им дозволил да се вратат.
„Не би ги прифатил. Да бев јас кралското семејство, не би ги прифатил назад“, рече Трамп.