Турскиот фудбалер Арда Ѓулер наводно одлучил да го напушти Реал Мадрид и следната сезона да се пресели на позјмица во клуб каде што ќе игра редовно. 19-годишниот не игра кај Карло Анчелоти и нема намера да го прави истото следната година.
Карло Анчелоти постојано го фали во медиумите. Посочува дека му треба трпение, но 19-годишниот турски фудбалер повеќе го нема.
Шпанскиот новинар Рамон Алварез де Мон тврди дека Арда на клупските челници и на тренерот Карло Анчелоти им соопштил дека сака да го напушти клубот.
„Арда Ѓулер го извести Реал Мадрид дека сака да го напушти клубот. Карло Анчелоти нема ништо против тој да го напушти тимот во следната сезона. Ја чекаме одлуката на клубот“, вели Алварез де Мон.
Младиот фудбалер минатото лето пристигна од Фенербахче за 20 милиони евра. Повредите го спречија да се наметна на почетокот на кариерата во Мадрид, а официјално дебитираше за клубот дури на почетокот на оваа година.
Анчелоти не му даде премногу шанси за игра. Тој се појави само пет пати во првенството и акумулираше мизерни 3о минута на теренот. Тој сепак успеа да постигне еден гол.
Наводно за Арда од шпанските клубови интерес покажале Реал Сосиедад, Мајорка и Лас Палмас, а ситуацијата со младиот Турчин внимателно ја следеле и во Борусија Дортмунд, односно Милан.