Араухо: Нема да ја напуштам Барселона

Араухо-Нема-да-ја-напуштам-Барселона.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Роналд Араухо еден од капутените на Барселона, демантираше дека сака да ја продолжи кариерата во Баерн.


Стоперот додаде дека е фокусиран само на игрите во каталонскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми.

Некои медиуми објавија дека Араухо би можел да му се приклучи на шампионот во Бундеслигата во зимскиот преоден рок.

„Во секој преоден рок има приказни за мене. Минатото лето пишуваа дека кариерата ја продолжувам во Манчестер јунајтед. Мојот фокус е на Барселона. Давам 100 проценти од себе за Барселона. Одговорност и привилегија да носете ја капитенската лента на овој клуб“, изјави Араухо, кој е трет капитен на Барселона по Серхи Роберто и Марк-Андре тер Штеген.

Араухо (24) е член на Барселона од 2018 година, а за првиот тим на каталонскиот клуб одигра 131 натпревар и постигна осум голови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK