Нема крај на проблемите со фудбалерите на Манчестер јунајтед, сега во центарот на вниманието е напаѓачот Антони.
Бразилецот, може да ја доживее судбината на Мејсон Гринвуд, кој мораше да го напушти клубот по 18 месеци, период во кој воопшто не играше фудбал.
Слично како и Гринвуд и Антони беше обвинет дека и се заканувал со силување на својата девојка. Подоцна тие обвиненија биле отфрлени, судот тврди дека доказите против играчот биле повлечени од семејството на девојката.
Британските медиуми, повикувајќи се на оние од Бразил, објавија дека Антони е исфрлен од репрезентацијата по последните обвинувања за насилство кон неговата поранешна девојка Габриела.
Веста дека Антони е избришан од репрезентативниот список ја потврди и Фудбалскиот сојуз на Бразил, а Габриел Жесус ќе го замени за натпреварите со Боливија и Перу.
Во официјалното соопштение на Фудбалскиот соуз на Бразил се наведува дека ова бил неопходен потег по низата обвинувања кон Антони.
Габриела објави видеа на кои се гледаат повредите кои наводно и ги нанел Антони.
Таа тврди дека еднаш ја извлекол од дискотека, ја ставил во автомобил и и се заканил дека ќе ја исфрли додека вози со полна брзина ако не му прости.
Таа додава дека на 15. јануари годинава и ја скратил косата и ја удрил во пределот на градниот кош и дека морала да оди на операција, а наведува и дека имал чести изливи на љубомора.
Покажала и исеченици на прстите.
Антони се огласи на Инстаграм и порача дека долго време е предмет на истрага и дека соработува со полицијата во обид да ја докаже својата невиност.