Поранешниот Мото ГП возач, Андреа Довициозо доживеа тешка несреќа, се здобил со сериозни повреди, но е надвор од животна опсност.
Довициозо се поврдил во вторникот наутро на тренинг за мотокрос, објави агенцијата АНСА.
Како што пишува италијанската новинска агенција, Довициозо тренирал во Тоскана, а откако паднал на глава се здобил со тешки повреди.
Тој е пренесен во болница во Фиренца, а сега нема дополнителни официјални информации за неговата состојба и сериозноста на повредите.