Анчелоти сака Карвахал да го продолжи договорот со Реал

30-003105.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти сака Дани Карвахал да го продолжи договорот со клубот, пишува шпанскиот спортски весник Ас. Според овој извор, Анчелоти очекува искусниот играч на Реал да ја продолжи соработката на уште една сезона, односно до јуни 2026 година. Актуелниот договор на заменикот капите на Реал му истекува на крајот од актуелната сезона.


„Карвахал има историска можност да стане капитен. Тоа ќе се случи кога Лука Модриќ ќе реши да го напушти Реал. Никој не знае кога ќе биде тоа, но се очекува Карвахал да биде следниот капитен на Реал“, пишува шпанскиот весник.

Карвахал (32) започна во младинските категории на реал, од 2010 до 2012 година настапуваше за вториот тим, а сезоната 2012/2013.ја помина во Баер Леверкузен, а потоа се врати во Реал.

Карвахал за Реал одигра 421 натпревар и постигна 13 голови, а со клубот освои 26 трофеи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK