Деко најде оправдување зошто на Барселона и пропадна трансферт на Вилијамс

Untitled-1-27.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спортскиот директор на Барселона, Деко, проговори за неуспехот на клубот во обид да го донесе Нико Вилијамс во летниот преоден рок.



Барселона цело лето се обидуаше да го донесе крилниот напаѓа, кој беше еден од најдобрите играчи на Шпанија во походот на европската титула. Деко, својот и неуспехот на клубот, кој и понатаму се соочува со финански проблеми, го оправдува со изјавата дека Вилијамс во овој момент не и е потребен на Барселона.

„Не го потпишавме, бидејќи на таа позиција ги имаме Рафиња, Феран, Ансу, Ламин, тука се и Фермин и Олмо кои можат да помогнат“, заклучи Деко и додаде:

„Дани Олмо ни дава многу повеќе опции отколку било кој друг крилен напаѓач“.

Барселона и Атлетик не може да се договорат околу обесштетувањето. Каталонците не сакаа да ја платата откупната клаузула од 60.000.000 евра. На крајот Вилијамс јавно порача дека оваа сезона ќе остане во Билбао.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK