Реал Мадрид не сака да игра на Светското клупско првенство кое е закажано за 2025 година.
ФИФА гласно ја најави реформата на ова натпреварување, кое во следното издание ќе изгледа како вистинско Светско првенство со 32 учесници од сите континенти, а ќе се игра во САД од 15 јуни до 13 јули. Планот на ФИФА е клупскиот Мундијал да биде генерална проба за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во интервју за „Ил Џорнале“ изјави дека Реал нема намера да учествува на Светскоот клупско првенство.
„ФИФА може да заборави на тоа. Клубовите не сакаат да го играат ова натпреварување. Еден натпревар на Реал вреди 20.000.000 евра, а ФИФА сака да не „награди“ со таа сума за целиот турнир. Негативно! Покрај нас уште неколку клубови ќе ја одбијат поканата“, откри Анчелоти.
Сè уште не се познати имињата на сите 32 клуба кои треба да играат на Светското првенство, но покана имаа Реал Мадрид, Челзи, Манчестер сити, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид, Салцбург, Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Монтереј, Пачука, Ал Хилал…