Анчелоти: Реал има квалитет да ја освои Лигата на шампионите

Анчелоти-Реал-има-квалитет-да-ја-освои-Лигата-на-шампионите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тренерот на фудбалерите на Реал, Карло Анчелоти, верува дека неговиот тим има квалитет да ја освои Лигата на шампионите. Реал вечерва, за крај на фазата по групи ќе му гостува на Унион Берлин.

Реал и пред гостувањето во Берлин ја обезбеди првата позиција во Ц групата.

„Ја остваривме нашата цел, бидејќи го освоивме првото место на табелата. Сакаме да ја завршиме групната фаза на високо ниво. Ова е посебен натпревар. Нашиот план е да одиграме добро и да победиме“, изјави Анчелоти.

Тој не сакаше да го открие составот за мечот со Унион.

„Ќе ги изберам најдобрите 11. Тие што играа против Бетис и не се уморни ќе бидат во тимот против Унион. Сепак, има и такви кои не се опоравиле целосно. Ако ротирам, тоа ќе биде затоа што некои играчи може да имаат проблем“, додаде тренерот на Реал.

Карло изјави дека Реал е секогаш кандидат за освојување на Лигата на шампионите.

„Направивме одлична работа во групната фаза. Секогаш е тешко да се освои Лигата на шампионите, но мислам дека имаме квалитет да се бориме до крај и да го освоиме ова натпреварување“, заклучи Анчелоти.

Натпреварот меѓу Унион и Реал се игра вечерва од 21 часот во Берлин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK