Анчелоти и медиумите го посочија виновникот за поразот од Атлетико

Анчелоти-и-медиумите-го-посочија-виновникот-за-поразот-од-Атлетико.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реал Мадрид загуби од Атлетико со 3:1 во градското и дербито од шестото коло на Ла Лига. Реал ја прекина серијата од пет победи и на Барселона и го препушти првото место на табелата.


Лука Модриќ (39) само вторпат оваа сезона во Примера беше стартер и според пишувањата на шпанските медиуми, тој беше еден од најлошите играчи теренот. Карло Анчелоти го замени веќе на полувремето, набргу откако Модриќ доби жолт картон поради приговор.

На прес-конференцијата по поразот главна тема беше Модриќ. Новинарите беа изненадени што хрватскиот ветеран играше од почеток.

„Почнав со Модриќ затоа што сакав да ја имаме топката што е можно повеќе кај нас, а сакав и да го одморам Чуамени, кој игра многу во последно време“.

Новинарите ги интересираше зошто толку брзо го смени Модриќ.

„Затоа што Атлетико беше подобар од нас. Тие рано постигнаа два гола, подобро се бранеа и брзо одеа во транзиција. Не сакам да го вперувам прстот кон никого и да му го направам тоа на Модриќ би било премногу, но тој одигра лошо, исто како и неговите соиграчи. Затоа на полувремето наместо Модриќ влезе Хоселу за да бидеме поопасни во нападот“.

Како и Анчелоти и медиумите остро го критикуваа хрватскиот репрезентативец. „АС“ му додели двојка за изведабата (оценките се движат од 1 до 10). Полоша оценка од Модриќ доби само Давид Алаба. Медиумите се сложни дека Алаба е виновен за двата гола што ги постигна Алваро Мората. „АС“ на Алаба го оцени со нула.

„АС“ не ги критикува само играчите на Реал туку и тренерот Анчелоти за лошата тактичка поставеност.

„Додека Симеоне ја играше својата игра и го намести тимот да го извлече максимумот од тоа, Анчелоти го од својот тим направи Франкенштајн со пет играчи од средниот ред, а го заврши со тројца играчи од средниот ред Ова јасно докажува дека ова не беше денот на Анчелоти.

Неговиот систем се урна во првиот сериозен натпревар во сезоната. Тренерот на Реал му даде уште една шанса на Модриќ, убеден дека дербито ќе се решава на средината на теренот. Направи грешка, бидејќи дербито беше решено во двата шеснаесетина. Реал пред својот гол беше шуплив, а во противничкиот неплоден. Но, ова не беше тешка вечер само за Алаба и останатите дефанзивци на Реал, туку и за Модриќ, кој беше целосно изгубен во формацијата 4-3-2-1 на Анчелоти“.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK