Египетскиот фудбалер Амр Варда (29) летово смени дури четири клуба, и повторно е слободен играч. Всушност, малкумина знаат каде се наоѓа во моментов.
Неговиот последен ангажман требаше да биде иранскиот Естегал, кој поради неверојатните околности што го следеа трансферот излезе со соопштение.
Сè започна откако Варда го напушти Аполон Лимасол и потпиша договор со Раџа Казабланка од Мароко, но набрзо побара раскин, жалејќи се на психички проблеми.
Потоа премина во екипата на Докса Катокопијас од Кипар, но и таму не се задржа долго, бидејќи наводно го избркале. Сепак, во продолжение на приказната ќе се дознае дека неговото заминување од Кипар било обид на сопственикот на клубот, кој е и менаџер на играчот, брзо и лесно да заработи.
Следуваше „преселба“ во Техеран, во клубот Естегал и се чинеше дека Варда конечно најде клуб за новата сезона.
Сепак, не беше се како што замислуваше поранешниот фудбалер на солунски ПАОК, а што се случуваше во последните неколку дена откри претседателот на ирански Естегал, со кого Варда имаше договор.
„Естегал се договори со Докса за трансферот на Варда, играчот потпиша, но навистина не знам што се случи потоа. Пред да пристигне во Техеран, играчот отпатува за Мароко (Раџа Казабланка) и по десет дена не извести дека тој не сака да го раскине договорот со нив. Во исто време преговараше со нас. Навистина не знам каде го најде мојот телефонски број, но ми се јави и ми рече да му земам приватен авион за неговото куче. кое било во лоша состојба, за да го превезе од Мароко во Техеран. Го прашав „Каде да најдам авион?“, раскажа првиот човек на иранскиот клуб.
Приказната не завршува тука, откако Иранците разбрале каква игра игра претседателот на кипарскиот клуб.
„Интересно е што претседателот на Докса од Кипар го направи тоа за Варда (го плати неговиот авион) и така тој дојде да игра за нив. Тој лет чинеше 40.000 евра и тие имаа намера да ги одбијат тие пари од вкупниот договор кој беше 100.000 евра. Дознав дека претседателот на кипарскиот клуб, кој е и менаџер на играчот, сакал да му плати на играчот се што барал, вкупно 140.000, а потоа да ни го продаде за 250.000 евра. Занчаи за само неколку дена тој би заработил 110.000 евра“.
Првиот човек на Естегал потврди дека договорот со Кипраните околу трансферот е постигнат, но дека играчот не дошол во Техеран.
Според последните информации, иако се уште непотврдени, него полицијата го од аеродромот го депортирала во Египет.