Американци купија акции на ПСЖ за 500.000.000 евра

Американци-купија-акции-на-ПСЖ-за-500000000-евра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Катар спортс инвестмент“ одлучи да продаде мал процент од Пари Сен Жермен на американската компанија „Арктос Партнерс“.


Американските партнери купија 12,5 отсто од акциите на клубот по цена од 531.000.000 евра.

ПСЖ наведува дека катарскиот сопственик и понатаму ќе има целосна контрола над клубот, а „Арктос“ практично нема да бара ништо.

„Арктос“ ќе инвестира во различни операции, како оние поврзани со стадионот, како и во развојот на женскиот тим.

Оваа американска компанија има малцински акции во над 30 спортски клубови ширум светот, како што се Голден стејт Вориорс или Астон Мартин.

Тие се вклучени и во сопственичката структура на Ливерпул, а од 2022 година инвестираат и во италијанска Аталанта.

„Партнерството е формирано врз основа на плановите на ПСЖ за понатамошен глобален раст, што со себе носи понатамошен фудбалски и комерцијален успех“, изјави првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Катарските сопственици го купија ПСЖ во 2011 година за 70 милиони евра и оттогаш „светците“ освоија 30 трофеи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK