Алваро Мората би можел повторно да го облече дресот на Јувентус. Во текот на летото, Шпанецот беше поврзуван со бројни клубови, дури и со Милан и Рома, но сега повторно е актуелен за Јувентус.
Очигледно, Моисе Кин би можел да добие зелено светло за заминување, а во тој случај Мората би влегол како замена.
Кин има неколку понуди, а Јувентус ја одби понудата на Севилја за едногодишна позајмица.
Мората веќе двапати го носеше дресот на Јувентус, прво од 2014 до 2016 година, а потоа пристигна во 2020 година на позајмица од Атлетико Мадрид.
Тој не е во преден план за Диего Симеоне, кој смета на тандемот Гризман – Депај.