Чаби Алонсо направи голем „бум“ со Баер Леверкузен оваа сезона и се најде на чекор од ставање крај на децениската доминација на Баерн Минхен.
Како резултат на тоа, интересот за неговите тренерски услуги вртоглаво порасна. Секако, меѓу првите е Баерн, кој обожава да „собере“ се што вреди во Германија.
Исто така, неговиот поранешен клуб Ливерпул долго време чека на ред, откако Јирген Клоп си заминува од „Енфилд“ на крајот од сезоната.
Сепак, како што пишува „Скај спортс“, Алонсо повеќе би сакал да замине во Баерн и да остане во Бундеслигата отколку да оди во Премиер лигата.
Судејќи по коментарите на мрежите, не е мал бројот на оние кои искрено би биле изненадени од ваквата одлука на Алонсо.
На осум кола до крајот, Леверкузен има 70 бода, 10 повеќе од Баерн.
🚨 Bayer Leverkusen manager Xabi Alonso will join Bayern Munich rather than Liverpool if he moves anywhere this summer.
(Source: Sky Sports) pic.twitter.com/Wls9abGGY8
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 23, 2024