Ал-Итихад понуди 215 милиони фунти за Салах

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саудискиот клуб Ал-Итихад испратил официјална понуда до Ливерпул вредна дури 215 милиони фунти за крилниот напаѓач на „црвените“, Мохамед Салах, пренесува „Ај Спорт“.


Салах минатото лето потпиша нов договор со Ливерпул. Клупските челници и тренерот Јирген Клоп тврдат дека нема намера да се откажат од неговите услуги. Сепак, „Скај спорт“, неодамна објави дека има сознанија дека челниците на клубот од „Енфилд“ ќе разгледаат „многу профитабилна понуда која стигнала на нивна адреса“.

Преодниот рок за играчите од Премиер лигата веќе заврши, додека саудиските клубови можат да купуваат до четврток.

Салах одигра 308 натпревари во дресот на Ливерпул, постигна 187 голови и забележа 81 асистенција. На „Енфилд“ пристигна во 2017 година, а претходно играше за Рома, Челзи, Фиорентина и Базел.

Момците на Клоп освоија десет бода во првите четири првенствени натпревари и ја заземаат третата позиција на табелата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK