Саудискиот клуб Ал-Ахли, чиј член е Езгjан Алиоски, продолжува да носи засилувања. Во овој клуб веќе пристигнаа Едуард Менди на голот, Мерих Демирал и Роџер Ибањез од Рома во одбраната, Френк Кеси ќе командува со средниот ред, а нападот е веројатно најсилниот во лигата – Сен Максимин, Ријад Марез и Роберто Фирмино.
Се шпекулираше дека во средниот ред ќе дојде Пјотр Зиелински, но преговорите пропаднаа, па сега е актуелен Аргентинецот Родриго де Пол.
Ал-Ахли испрати понуда вредна 32 милиони евра и се очекува Атлетико Мадрид да ја прифати бидејќи за исто толку пари веднаш ќе го доведе Софијан Амрабат, а ќе има можност да го доведе и Емил Хојбјерг од Тотенхем.
Аргентинецот наводно нема ништо против трансферот во Саудиска Арабија, знае дека го чекаат огромни пари, но и повеќе од конкурентен тим.