Ако Мбапе замине, опција за ПСЖ е Осимен

Ако-Мбапе-замине-опција-за-ПСЖ-е-Осимен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Килијан Мбапе на лето би требало да го напушти Пари Сен Жермен и да потпише договор со Реал Мадрид.

Шампионот на Франција веќе ја започна потрагата по негова замена. Медиумите тврдат дека ПСЖ има две опции, Рафаел Леао од Милан и Виктор Осимен, напаѓачот на Наполи.

Нигериецот има договор со наполитанците до летото 2026 година, а во него има посебна клаузула. Ако некој сака да земе ќе треба да плати 112 милиони евра. Леао е поскап, се претпоставува дека Милан за него бара 180 милиони евра.

Осимен блесна во текот на минатата година. Тој беше прогласен за најдобар играч во Африка, а по 33 години го предводеше Наполи до титулата шампион на Италија. Тој беше најдобар стрелец во Серија А.

Досега најскапиот трансфер на Наполи беше продажбата на Гонзало Игуаин за 90 милиони евра на Јувентус.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK