Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIИПС) традиционално на крајот на годината ги прогласи најдобрите спортисти во светот. Лауреати за 2023 година се Новак Ѓоковиќ во машка и Симон Бајлс во женска конкуренција.
Пред неколку дена за најдобри во светот Ѓоковиќ и Бајлс ги прогласи и влијателниот француски спортски весник „Лекип“.
Во гласањето учествувале 405 новинари од 107 земји.
Ѓоковиќ беше прв во анкетата со 616 гласови, зад него е Арманд Дуплантис со 335 гласа, додека трет е аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со 277 гласа.
Топ десет листата ја комплетираа Ерлинг Халанд (229), Макс Ферстапен (212), Карлос Алкараз (184), Хуберт Кос (129), Ел Бакали Софијане (119), Никола Јокиќ (115) и Килијан Мбапе (96).
Кај спортистките, Бајлс освои 353 гласови, а потоа следи кениската атлетичарка Фејт Кипјегон со 329 и шпанската фудбалерка Аитана Бонмати со 297 гласа.
Во топ 10 се и Микаела Шифрин (256), Тигст Асафа (237), Ига Швјонтек (203), Фемке Бол (190), Јулимар Рохас (176), Алексија Путелас (158) и Кети Ледецки (135).