Адеми повторно се врати во Динамо Загреб

Адеми-повторно-се-врати-во-Динамо-Загреб.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аријан Адеми се врати во Динамо Загреб, тврдат хрватските медиуми. Динамо на тој начин ги заврши неколкудневните преговори со Кинезите, кои постојано ги менуваа условите, но на крајот во последен момент се согласија да го ослободат македонскиот репрезентативец.


Адеми потпиша тригодишен договор со Динамо Загреб и се враќа по една година во кинескиот клуб Пекинг Гуан.

Адеми многу сакаше да се врати на „Максимир“ и на репрезентативниот собир на Македонија дојде со желба од репрезентацијата да се врати во Загреб. Веднаш се договори со Динамо, го посакуваше и тренерот Сергеј Јакировиќ, а остана само да се договори со Кинезите, што се покажа како огромен проблем.

Динамо се согласи на сите опции на Кинезите, кои потоа почнале да ги менуваат условите. Првата опција беше позајмица, на која Динамо се согласи, за Кинезите потоа да ги сменат условите. Тогаш Динамо се согласи на позајмица со опција за откуп, но Пекинг потоа ја промени висината на обештетувањето.

Поради временската разлика од шест часа и тоа што вечерва во Хрватска завршува преодниот рок, стана неизвесно дали воопшто зделката ќе се реализира, но тогаш Кинезите конечно го пуштија Адеми, иако финансиските детали сѐ уште не се целосно познати.

„Не очекував дека ќе се вратам во Динамо толку брзо, но ете, работите се наместија така. Од Кина го следев секој нивни меч, секоја вест поврзана со овој клуб, па на крајот среќен сум што вака се случи. Во целиот процес важна улога одиграа клупската управа и спортскиот сектор, а почувствував колку им е важно повторно да бидам дел од тимот“, изјави Адеми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK