(Видео) Голем пожар на југот на Франција, луѓе во бегство, евакуирани три кампа со туристи

1692083359_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем број пожарникари се борат со пожар на југот на Франција, што доведе до евакуација на неколку кампови со многу туристи, јавува германската агенција dpa. Голем пожар гори во провинцијата Пиринеи-Ориентали, изјави вчера вечерта министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин. Тој ги повика населението и туристите да бидат крајно внимателни.


Распоредена е противпожарна бригада со 13 авиони, три хеликоптери и повеќе од 500 пожарникари.

Пожарот избувна во понеделникот попладне меѓу градот Сен-Андре и познатото крајбрежно летувалиште Аржелес-сур-Мер на Средоземното Море, соопштија пожарникарите. Радио станицата France Blue, повикувајќи се на локалните власти, објави дека во пожарот се уништени 300 хектари претежно ниска вегетација.

Евакуирани се три кампа со бројни туристи, додека пожарот се заканува на некои станбени згради и продавници. Спортска сала е подготвена за сместување на евакуираните. Локацијата на пожарот е западно од градот Перпињан, недалеку од границата со Шпанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK