Жена е снимена како шета низ фонтаната ди Треви во Рим за да го наполни своето шише со вода. Овој инцидент претставува нов шокантен случај на туристи кои сквернават споменици во Италија.
На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види жена како стои на фонтаната и полни шише со вода.
Таа целосно ги игнорираше знаците поставени околу фонтаната кои забрануваат одење по или пливање во неа.
BAD IDEA: Woman stuns onlookers as she walks across the Trevi Fountain and uses one of Rome’s most iconic tourist attractions to fill up her water bottle.
Eyewitness footage shows a guard blowing a whistle and eventually leading her away. #news #italy #travel pic.twitter.com/s5wpF14ckR
— Ceo Orman (@Ceoorman) August 14, 2023
Додека жената, облечена во бели панталони и сина маица, шета околу фонтаната, случајните минувачи гледаат со неверување.
Инаку, таа фонтана е една од најпопуларните знаменитости во Рим. Завршена е во 1762 година и привлекува огромен број посетители.
Човекот кој го снимил видеото, Лекс Џонс, изјавил дека бил сведок на неверојатната глетка и веднаш знаел дека мора да ја сними случката.
„Помислив, ова е лудо, и веднаш почнав да снимам“, рече Џонс.