Паднаа цените на нафтата на меѓународните пазари

1692027139_8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадорката на САД во Австралија, Керолин Кенеди, навести дека би можело да има договор за признавање вина меѓу Џулијан Асанж и американските власти што би можело да ја прекине американската потера по основачот на Викиликс и да му дозволи да се врати во Австралија.



На прашањето на „Сандеј Морнинг Хералд“ дали е можно САД и Австралија да постигнат дипломатски договор за Асанж, Кенеди рече дека „случајот е во тек“ и дека Министерството за правда се занимава со тоа.

„Значи, тоа навистина не е дипломатско прашање, но мислам дека може да има решение“, рече Кенеди во интервју за австралискиот весник.

Таа ја коментираше изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека обвинувањата против Асанж се сериозни и дека тој ја загрозил националната безбедност на САД со објавувањето доверливи информации.

Но, постои начин да се реши тоа“, потенцира американската амбасадорка.

Габриел Шиптон, брат на Џулијан Асанж, изјави дека „Керолин Кенеди не би ги кажувала овие работи доколку не сака излез од оваа ситуација“.

Асанж, австралиски државјанин затворен во Велика Британија, се бори против екстрадиција во САД, каде што се бара по 18 обвиненија за објавување доверливи американски воени досиеја и дипломатски телеграми кои откриваат воени злосторства извршени од американските сили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK