–>

На соборениот претседател во Нигер би можело да му се суди за велепредавство

niger-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK





Армијата која што изврши државен удар во Нигер на 26 јули доцна синоќа објави дека соборениот претседател, Мохамед Базум, може да биде кривично гонет за велепредавство.

Водачите на пучистите го затворија Базум и ја распуштија избраната влада, предизвикувајќи осуда од западноафриканските сили кои мобилизираа резервни воени сили кои би можеле да интервенираат за да го вратат владеењето на Базум.

Полковникот Амаду Абдрамане, портпаролот на хунтата, на државната телевизија изјави дека новата влада „ги собрала потребните елементи за кривично да го гони соборениот претседател за велепредавство и поткопување на внатрешната и надворешната безбедност на Нигер“.

Главниот регионален блок во Западна Африка ЕКОВАС се очекува да изврши притисок за понатамошни разговори со хунтата денеска, сигнализирајќи потенцијална подготвеност за изнаоѓање дипломатско решение за новонастанатата ситуација.

Парламентот на блокот во саботата соопшти дека сака да испрати делегација да се сретне со хунтата во Ниамеј. Советот за мир и безбедност на 55-члената Африканска унија, исто така, се очекува да се состане во понеделник за да разговара за ситуацијата во Нигер.

Во прашање не е само судбината на Нигер, главен производител на ураниум и западен сојузник во борбата против исламистичките бунтовници, туку и влијанието на ривалските глобални сили со стратешки интереси во регионот.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.




Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK