–>

Левица: Владиниот пулен Темелко Ристески ги извиси пензионерите

levica.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK





Во време кога пензионерите здружено се обединија да го побараат тоа што реално им следува – пензии кои ќе им овозможат достоен живот – наместо поддршка, добија критика од претседателот на Партијата на пензионерите – Темелко Ристески, велат од политичката партија Левица.

„Темелко Ристески, наместо како претседател на Партијата на пензионерите да ги застапува нивните интереси, излезе со став дека линеарното зголемување на пензиите не било правично и дека треба тие со поголеми пензии да имаат поголемо зголемување, бидејќи плаќале поголема придонеси во ПИОМ.
Инаку, Ристески важи за верен владин апологет, кој стана познат за јавноста кога се обзнани негов извештај до Министерството за одбрана, каде меѓу платените активности, се и пропагандни текстови за власта на СДС.

Од тука, јасно е дека претседателот на партијата која што, не само што треба да ги подржи барањата на пензионерите – туку треба и да ја предводи нивната борба – наместо да застане рамо до рамо со пензионерите кои што протестираат, очигледно се бори за лични интереси, а не за интересите на сите пензионери!

Јавно го прашуваме Ристески – дали тој би издржал еден месец со минимална пензија, како што преживуваат мнозинството пензионери?

Левица, како партија која се бори за социјална правда, го поддржува денешниот протест на пензионерите и ги повикува и останатите граѓани да се придружат на заедничката борба за достоинствен живот на сите!“, се наведува во соопштението на Лавица.

Текстот Левица: Владиниот пулен Темелко Ристески ги извиси пензионерите е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK