За оваа Влада, корупцијата е европска вредност

logo GLAS_color_print
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Глас за Македонија бара итна оставка од оваа лицемерна Влада, која едно зборува, а прави друго. Последните измени во Кривичниот законик каде се декриминализираат тешки коруптивни кривични дела, каде се прави обид за лична амнестија од идното, неминовно кривично гонење и сето тоа ставено под европско знаменце, создава терен за поткуп на пратеници, доведе до распад на кревката правна држава. Тоа како држава, како институции, како народ не деградира и понижува пред целата светска јавност.

Ова е Владата која не убедува дека само од уставните измени зависи нашиот европски пат, а со своите постапки не води кон најзаостаната диктаторска држава. Држава во која царува неказнето корупцијата во највисоките ешалони на власта.



Народот мора да ги запамети и сите неодговорни пратеници кои стиснаа зелено копче за променетиот Кривичен законик, а добро знаат дека не смеат да стават европско знаменце на закон кој не се прилагодува кон ниту една европска директива. Тие исти пратеници фрлаат и кон себе сомнеж дека се и самите вмешани во криминални зделки.

Оваа Влада, која направи хаос во образованието, здравството, која ги става под заштита криминалците во нејзините редови, мора да замине. А народот ова последно самоволие не смее да го прости.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK