Во Судски совет се одржува седница прва откако е избран Георгиев, на седницата не се присутни камери

sudski-sovet
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Судскиот совет денеска се одржува седница, прва откако е избран новиот претседател Сашко Георгиев, откако беше разрешена Весна Дамева.

Георгиев на почетокот на седницата кажа дека поради условите во салата, одлучено е камерите да не бидат внатре, туку само новинарите.


-Ќе потенцирам во делот на јавноста, јавноста ќе биде присутна, но камерите само ќе бидат оставени уште минута до две, да го завршат својот прилог за снимање, а потоа камерите ќе мора да ја напуштат седницата. Јавноста останува да биде присутна, а камерите доволно е да бидат присутни само мал дел, а потоа нема потреба. Вие сте присутни. Условите ни се такви дека тоа е најцелисходно, не е тоа нетранспарентно, но е потребно за условите за работа, рече Георгиев на почетокот на седницата.

Седницата се уште трае.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK