Три амандмани од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се поднесени за предложените измени и дополнувања на Законот за експропријација, дел од пакетот зкаони з аизградбата на коридорите 8 и 10д, за кои денеска почна расправата по скратена постапка во Комисијата за европски прашања, во присуство и на министерот за финансии Фатмир Бесими.
Пратеникот Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека власта продолжува со пакетот на закони кои се со европско знаменце иако немаат никаква поврзаност со регулативата и директивите на ЕУ, а се однесуваат за изградба на коридорите 8 и 10д. Смета дека предложените измени во овој Закон има суштестевени повреди на уставните одредби и на позитивните законски прописи во однос на темелните вредности на заштита на правото на сопственост на граѓаните.
– Тоа е заштита на граѓаните уставна категорија која им гарантира дека нивната сопственост ќе биде заштитена од какви било обиди за нарушено владеење или одземање.Со даденото предлог законско решение една од најкронтроверзните одредби е во членот 2 којшто се менува со членот 33 се вели во точка 9 одредбите од точка 5,6,7 и 8 на овој член се однесуваат и за иматели на објекти физички лица кои живеат во објекти кои се предмет на експропријација, а кои се бесправно изградени, за кој до денот на поднесување на предлогот за експрепројација е поднесен барање за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, вели Ефтимов.
Посочува дека со овој предлот се изедначуваат од страна објектите коишто се изградени легално со оние кои се бесправно изградени.
Министерот Бесими истакна дека измените се прават во Законот за експропријација согласно и увидените пречки кои ги има Јавното претпријатие за државни патишта(ЈПДП) при изградба на инфраструктурни проекти од јавен интерес.
-Во процесот на овој значен стратешки проект констатирани се неколку работи, каде што има застој во инфраструктурните проекти и предлог решенијата не се само за овој проект, туку да важат генерално за сите проекти, кои се од јавен интерес. Значи ова е пристапот за овие законски решенија или измени на овој Закон. Вториот момент за овој Закон не е на барање на тие што ќе вршат изградба, туку е на барање на ЈПДП што штити интерес на граѓаните, што уставна категорија вие ги кажавте правото на сопственост и друга категорија е јавниот интерес што е над правото над индивидуалната сопственост, како уставна категорија, вели Бесими.
Забележа дека и сега во Законот е предвидено при експропријација да се надоместат трошоците за закуп на граѓаните.
-Овде се прецизира затоа што тоа не се применуваше во пракса за закуп, се прецизира 12 плус шест месеци, за да нема застој во процесот на реализација на овие проекти за периодот едно семејство додека не може да најде, дали не се согласува со експропријацијата, дали не може да најде веднаш да се смести додека трае и ова нема да важи само за овој проект, туку и за сите проекти, вели Бесими.
Пратениците од ВМРО ДПМНЕ порачаа дека изградбата на коридорите 8 и 10 д нема да оди побрзо со изморени работници и нема да се забрза со исплата на дивоградбите, а со ваквите законски решенија ќе нема плански развој и потреба од урбанистички планови. Седницата на Комисијата за европски прашања по еден час беше прекината и ќе продолжи в понеделник.