Државната изборна комисија ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за Претседател на Република Северна Македонија. Ждрепката ќе се одржи во 12 часот во големата сала на 4 кат во Државната изборна комисија.
Утре, 25 март 2024 година ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија , со почеток во 13.30 часот во големата сала на Државната изборна комисија (4- ти кат).