Вицепремиерот Маричиќ во официјална посета на Косово

maricik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во официјална посета на Приштина, Република Косово, каде што има средба со неговиот косовски колега, првиот вицепремиер за европска интеграција, развој и дијалог, Бесник Беслими.







Теми за разговор на средбата ќе бидат евроинтегративниот процес на земјите од регионот, во пресрет на 20 годишнината од Самитот во Солун, билатералните односи на двете земји и регионалната соработка.

Маричиќ во Приштина ќе учествува и на конференција во рамки Иницијативата Балкански дијалози, на тема: „ЕУ и Западен Балкан: безбедност, регионална соработка и интеграција“, на покана на Групата за истражување на политиката на Балканот, Фондацијата БФПЕ за одговорно општество и Атлантскиот совет, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK