Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалниците на општините Карбинци, Дебар и Македонски Брод денеска потпишаа договори за соработка и за групна набавка, известуваат од МТСП.
Потпишаните договори за соработка и за групна набавка меѓу Тренчевска и градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески, се однесуваат за изведување на градежни работи за реконструкција со пренамена на детска градинка во Центар за дневен престој за деца со пречки во развој за 24 корисници поделени во две групи по 12 корисници.
– Предвидените активности се согласно Програмата на Владата на РепубликаМакедонија за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2023 година. Министерството се обврзува од својот буџет за 2023 година да обезбеди средства за изведување на градежните работи, кои се предмет на договорот, велат од МТСП.
Договорот за соработка и за групна набавка меѓу МТСП и градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов се однесува за реализација и финансирање на активности за изведување на градежни работи за Доградба на постоечка детска градинка во Oпштина Карбинци село Таринци, со капацитет од 48 деца.
-Предвидените активности се согласно Програмата на Владата на Република Македонија за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2022 година, како и согласно Програма за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2023 година, известуваат од МТСП.
Оттаму, истакнуваат дека МТСП се обврзува од својот буџетот за 2023 година да обезбеди средства за изведување на градежно занатски работи за доградба на детска градинка, а Општина Карбинци да учествува во адаптација и пренамена на стариот дел на објектот и во набавка на опремата.
Договорите за соработка и за групна набавка помеѓу МТСП и градоначалникот на Општина Дебар Хекуран Дука.се однесуваат за изведување на градежни работи за измени во тек на градба за доградба на детска градинка Брешиа во Дебар, кој ќе биде во состав на ЈОУДГ „Брешиа“ – Дебар, со капацитет од 62 деца.
– Предвидените активности се согласно Програмата на Владата на Република Македонија за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2021 година. Министерството за труд и социјална политика се обврзува од својот буџет за 2023 година да обезбеди средства за изведување на градежни работи за измени во тек на градба за доградба на детска градинка Брешиа во Дебар и опремување на истата, соопштуваат од МТСП.