Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска имаше средба со средба со Сојузот на извидници. Средбата беше во пресрет на активностите кои министерката во следниот период треба да ги реализира за охрабрување на младите за поголемо учество во општествените процеси како и за вклучување на што поголем број на млади во активности кои се поврзани со спортот, истражувањето и креативноста кои позитивно ќе влијаат на нивното ментално здравје, соопшти МТСП.
Претставниците на Сојузот на извидници ја информираа министерката дека постојат веќе 70 години и дека секоја година традиционално организираат смотра која ги заокружува нивните активности.
На средбата беше разговарано за идна соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на извидници. Според она што беше дискутирано соработката треба да биде во насока на мотивирање и охрабрување на младите да бидат поактивни чинители во општеството, стои во соопштението од МТСМ.