Тренчевска на средба со претставници на Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – „Раст“

trencevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – „Раст“. Здружението постои уште од 2007 година и ги застапува правата на сите деца во Република Македонија кои имаат нарушувања на растот, кои примаат хронична хормонска терапија за раст, како и останати ендокринолошки заболувања, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.







– Претставниците на здружението ја информираа министерката за нивната работа. Тие истакнаа дека се едно од најактивните здруженија на територијата на целата држава и дека нивната основна девиза е навремено делување во сите сфери што ги засегаат децата за кои се залагаат. Тие посочија и на нивната агенда за оваа година и ја најавија нивната кампања за подигнување на свеста за растот, што треба да ги опфати сите детски градинки во државава, се наведува во соопштението.

Министерката за време на средбата ја изразила нејзината заинтересираност за соработка и посочила дека за вклучување во нивната иницијатива и поддржување на унапредувањето на квалитетот на живот на лицата со попреченост, Министерството за труд и социјална политика секогаш стои на располагање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK