Телефонски разговор Петровска –Дендиас, Северна Македонија подготвена да ѝ помогне на Грција за пожарите

petrovska dendias
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас ја изразила подготвеност на нашата земја да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.

За телефонскиот разговор министрите вечерва информираа преку социјалните мрежи.


-Во телефонски разговор со мојот грчки колега Никос Дендиас, изразив подготвеност да помогнеме во справувањето со пожарите кои го имаат зафатено нашиот сосед и сојузник во Алијансата. Се согласивме дека како соседи, но пред сѐ како пријателски и сојузнички земји, многу е важно взаемно да си помагаме, напиша на Фејсбук министерката Петровска.

Дендиас, преку Твитер информираше дека имал телефонски разговор со Петровска во кој го информирала „за подготвеноста да се пружи помош на земјата за справувањето со разорните пожари“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK