Тренчевска: Зголемувањето на платите во јавниот сектор за 10 отсто нема да важи за функционерите

trenchevska 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зголемувањето на платите во јавната администрација за 10 отсто од септември годинава нема да важи за функционерите на кои претходно со одлука на Уставен суд им беше зголемена платата за 78 отсто, потврди вечерва министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

-Функционеите не се работници во јавниот сектор и за нив нема да важи зголемувањето на платите што е предвидено со договорот што го постигневме со ССМ, рече Тренчевска во гостување на ТВ Канал 5.



Таа нагласи дека зголемувањето на платите на функционерите не е со одлука на Владата, туку со одлука на Уставен суд која не се коментира и само се спроведува.

-Како Влада бараме начин да се намалат платите на функционерите, но не може тоа да го спроведеме само со наша одлука, туку е потребна и одлука на Собранието. Покрај тоа, со одлуката на Уставен суд за 78 отсто се зголемени и платите на градоначалниците, рече Тренчевска.

Оцени дека зголемувањето на платие за 10 отсто од септември за јавната администрација е најголемо досега барем од 2003 година откога и таа е во јавната администрација.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов посочи дека зголемувањето од 10 отсто можеби не е доволно, но е добра основа за понатаму.

-Сега јавната администрација ќе има предвидливост и ќе знае дека во иднина ќе растат нивните плати, рече Трендафилов.

Министерката истакна дека со зголемување на платите ќе се бара и зголемување на продуктивноста на јавната администрација, на што Трендафилов и одговори дека нема лоши и непродуктивни работници, туку само малку платени работници.

-Ако ја покачуваме платата ќе бараме и реорганизација на работните места во јавната администрација што нема да значи губење на работни места, туку прераспоредување онаму каде што се потребни и каде ќе бидат попродуктивни, рече Тренчевска.

Таа нагласи дека е против одобрување на неплатено отсуство за работниците во јавниот сектор за да одат во странство на привремена работа коај е подобро платена.

-Тоа е нивно право, но не може да се добие само со барање и без пропратна документација за што им е потребно. Не може да не му се дозволи неплатено отсуство на работник за нега на болно лице или за нешто слично, посочи Тренчевска.

На тоа Трендафилов кажа дека ниту еден работник не треба да трпи доколку користи неплатено отсуство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK