Продуктивна и пријателска работна вечера со Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел во Сантандер.
Во фокус европското досие на Република Македонија, со посебен акцент на усвојувањето на уставните измени, како услов за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ.
– Со усвојувањето на уставните измени Северна Македонија докажува дека е подготвена за членство во Европската Унија, а очекува од Унијата пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година. Оттука, ни земјата ни Унијата не смеат да дозволат никакво евентуално назадување од целта.
Поголема интеграција пред самото членство во ЕУ е во наш, но и во интерес на Унијата: Што поразвиен партнер денес, значи покорисен сојузник утре.